За шопинг “лудилото“ наречено Black Friday

99

Терминот за прв пат е употребен во 1869 година, а во тоа време Black Friday се поврзувал со пад на берзата.

Претходници на Black Friday беа парадите со Дедо Мраз. Првата беше одржана на втори декември 1905 година во Канада.

Black Friday како што се користи денес за прв пат беше употребен во 60-тите години од минатиот век во Филаделфија, каде локалните весници известувале за голема гужва во продавниците по Денот на благодарноста.

Сепак, Black Friday не е денот кога се купува најмногу, туку саботата пред Божиќ.

Овој “Црн петок“ е најдобар ден за купување на производи од типот на телевизори, таблети, куќни апарати и накит.

Во просек, купувачите чекаат во ред околу 2,5 часа за да купат нешто.

Продажбата на овој ден од година во година сè повеќе расте. Единствен исклучок биле 2008 и 2009 година. Пред две години, на Black Friday потрошени се пет милијарди долари.

Иако звучи чудно, најмногу работа на овој ден имаат водоводџиите кои треба да ги санираат сите направени штети по шопинг “лудилото“.

Во последните години некои продавници го бојкотираат Black Friday. Компанијата REI, што нуди опрема и облека за патување, три години со ред е затворена на истиот ден и ги охрабрува вработените да го поминат денот надвор со своите најблиски.

Фото: Pixabay