За што разговараа Јелен и Лагард?

65

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен и претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, разговараа за политички мерки со коишто ќе се поттикне економскиот раст и ќе се отворат нови работни места во САД и Европа, како и за продлабочување на трансатланската соработка за економски и финансиски прашања, пренесува Ројтерс.

Јелен го “пофалила брзиот и одлучен одговор на ЕЦБ за пандемијата“. Исто така, ги нагласила заедничките приоритети на САД и ЕУ, како што е ставање крај на пандемијата, поддршка на економското закрепнување на глобално ниво, одржување на финансиска стабилност и борба против климатските промени.

Јелен беше на чело на Американската централна банка (Федерални резерви) од 2014-та до 2018-та година.

Французинката Лагард беше на неколку министерски позиции, потоа беше првата жена одбрана за извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд, а сега е на чело на ЕЦБ.

Фото: Pexels