Додека децата од целиот свет уживаат во Lego, нивните родители се соочуваат со голем предизвик – како да не згазнат на некоја од играчките на данскиот производител.
Од таа причина, Lego заедно со француската маркетинг агенција Brand Station одлучија да дизајнираат специјални папучи со дополнителна заштита од “убодите“ од Lego коцките, пишува Huffington Post.
Овие папучи ќе бидат произведени во лимитирано издадени од 1.500 парчиња, а ќе бидат доделени по случаен избор на луѓето кои ќе се потпишат на листата на желби на француската интернет страница на Lego.