За сите што некогаш згазнале коцка: Lego папучи за заштита на родителите

45

lego papuci

Додека децата од целиот свет уживаат во Lego, нивните родители се соочуваат со голем предизвик – како да не згазнат на некоја од играчките на данскиот производител.

lego papucki

Од таа причина, Lego заедно со француската маркетинг агенција Brand Station одлучија да дизајнираат специјални папучи со дополнителна заштита од “убодите“ од Lego коцките, пишува Huffington Post.

lego na noga

Овие папучи ќе бидат произведени во лимитирано издадени од 1.500 парчиња, а ќе бидат доделени по случаен избор на луѓето кои ќе се потпишат на листата на желби на француската интернет страница на Lego.