За Топлификација првиот квартал заврши со добивка од 6,4 милиони денари

38

toplifikacija

Топлификација првиот квартал од оваа година го заокружи со добивка од 6.469.000 денари, покажуваат податоците од консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на првото тримесечје од минатата година, компанијата прикажа добивка од 6.162.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – март 2017 година, беа на ниво од 29.654.000 денари, а една година претходно достигнаа 34.529.000 денари.

Основна дејност на компанијата е производство и дистрибуција на топлинска енергија.