За третина намален прометот од продажба на услуги во вториот квартал

40

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот од продажбата на услугите во второто тримесечје од 2020 година е помал отколку во второто тримесечје од 2019 година за 34,8%.

Во второто тримесечје од 2020 година во однос на истото тримесечје од 2019 година, намалување се јавува во сите сектори, а најголемо е во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна ‒ за 77,7% и во секторот Административни и помошни услужни дејности ‒ за 63,4%.

Фото: Pixabay