За три месеци Фруктал Мак оствари 3,3 милиони денари добивка

20

Фруктал Мак во периодот јануари – март оваа година евидентираше вкупна сеопфатна добивка во висина од 3.332.000 денари, покажува тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата прикажа добивка од 4.442.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со крајот на март оваа година, изнесуваа 81.277.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 49.488.000 денари, а остатокот од 31.789.000 денари е реализиран на пазари во странство.