За три месеци Цементарница Усје прикажа добивка од над 171 милиони денари

43

usje-580x364

Цементарница Усје во првиот квартал од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 171.073.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, добивката беше 114.963.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од први јануари до 31-ви март достигнаа 761.550.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 624.161.000 денари, додека остатокот од 137.389.000 денари отпаѓаат на продажба на пазари во странство.