Жито Полог од Тетово во првите шест месеци од оваа година работеше со добивка од 5.268.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех.
Во првите шест месеци од минатата година, добивката на компанијата беше на ниво од 11.516.000 денари.
“Остварените консолидирани вкупни приходи изнесуваат 169.097.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат намалување за 13%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од продажба на производи и услуги, 98%, и истите бележат намалување во споредба со истиот период 2019 година за 12%“, стои во Образложението на финансиските резултати.
Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари – јуни оваа година изнесуваат 167.465.000 денари и во споредба со истиот период во 2019 година бележат намалување за 10%.
Фото: Freepik