Забава, креативност и хуманост по повод Велигден во Скопје Сити мол

103

veligden-kreativa

Скопје Сити Мол оваа година ќе биде домаќин на една волшебна Велигденска бајка и ќе биде местото каде што ќе се вкрстат патишта на добрата забава, празничниот дух, хуманоста и креативноста.

Во таа насока, започнувајќи од трети април  и во наредните 10 дена, Сити Мол креираше богата програма на активности за сите генерации и за сечиј вкус.

Најмалите ќе добијат можност да ја задоволат својата детска љубопитност со едукативна програма во живо и вистинска домашна фарма, каде што во постојано присуство на аниматор и едукатор дечињата ќе можат да погледнат изложба на јајца од разни птици и да се едуцираат со живи зајчиња, петлиња и пилиња.

Во духот на Велигден, како дел од велигденската фарма и City Kids клубот, дечињата расположени за изразување на креативноста ќе можат да бојат и декорираат велигденски јајца, како и да изработуваат декоративни предмети, додека на вториот кат ќе биде поставена изложба на декорирани велигденски јајца од основните училишта од општина Карпош.

Вештите жени и домаќинки пак, ќе имаат можност да ги изложат своите декорирани велигденски јајца и притоа ќе споделуваат совети за креативно бојадисување на јајца, при Велигденската работилница која ќе биде водена од Ирена Спировска, а ќе се случи на четврти и 11-ти април од 12:30 часот во Скопје Сити Мол.

На 11-ти април ќе се одржи и голем Велигденски базаар со хуманитарен карактер, при што дел од средствата собрани од продажбата на занаетчиите ќе бидат наменети за помош на ѓаконијата од населбата Ѓорче Петров.

Во знакот на хуманоста ќе бидат поставени и два пулта на кои ќе се продаваат рачни изработки направени од децата, а наменети за децата од здруженијата со ретки болести.

На местото на збиднувањата ќе биде и велигденската маскота, огромен велигденски зајко секогаш расположен за фотографирање, играње и дружење.