Британскиот комитет за стандарди во рекламирањето (ASA) ја забрани рекламата за автомобилот Тојота GT86 поради промовирање на неодговорно возење. На промотивното видео е прикажана фиктивна реалност во неименуван град, заграден со висок ѕид. Главниот лик со голема брзина ја вози тојотата низ градот, при што урива контејнери и предизвикува судари на други коли. На крајот со полна брзина минува низ ѕидот пиксели и влегува во реалниот свет.
Според авторите на видеото, рекламата не прикажува неодговорно возење туку напротив, покажува дека автомобилот може да се држи под контрола.
Погледнете, па самите проценете.