Забрането возење со Google очила?

24

google-glassРеволуционерните интерактивни Google Glass се уште не се појавиле на пазарот, а законодавците веќе сакаат да ги забранат.

Државен претставник на Западна Вирџинија претстави Нацрт закон кој би требало да го прошири постоечкиот закон против пишување на СМС пораки во текот на возење, во смисол да се забрани и користење на преносни компјутери со дисплеј позициониран на главата.

Доколку законот биде одобрен, Западна Вирџинија ќе биде прва земја во која ќе биде забрането носење на Google очила за време на возење. Законот на сила може да стапи на 1 јули.

“Безбедноста е основна работа. Проекцијата на текст или видео во вашето видно поле има голем потенцијал за одвлекување на вниманието”, изјави претставникот Гери Г. Ховел за CNN.

Google очилата се уред кој изгледа како очила, а се контролира гласовно. Над десното око на корисникот се наоѓа мал екран кој покажува пребарувања, електронска пошта, потсетници и други информации. Уредот е опремен и со минијатурна камера со која можат да се снимаат видеа и фотографии.

Во продажба треба да се најдат на крајот на оваа година. Цената не е најавена, но компанијата Google веќе продаде ограничен број примероци на своите развојни партнери по цена од 1.500 долари.