Задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава

52

Да се воведе задолжителен ПЦР ковид тест за патниците од Косово коишто транзитираат низ земјава, предлага Комисијата за заразни болести.

Оваа одлука е донесена на денешниот утрински состанок и ќе биде предадена до Владата која треба да одлучи по неа.

Државјаните на Косово кои минуваат низ земјава, односно летаат преку скопскиот аеродром на граничниот премин ќе треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Фото:  Freepik