Заемот како непризнаен расход

1141

evra

Фото: Pixabay

Прашање: Имам компанија која има дадено позајмица на друго правно лице. Дали ќе бидам оданочен и колкав процент, доколку не ми биде вратена до крајот на годината?

Одговор: Доколку  паричните средства, кои по својата економска суштина претставуваат заем,  не се вратат во истата година во која што е извршен трансферот на заемот, претставуваат непризнаен расход за даночни цели во даночниот биланс на една компанија. Тие во суштина ја зголемуваат даночната основа при пресметка на данокот од добивка којшто изнесува 10%. Се оданочуваат само оние заеми коишто настанале и не се вратиле во тековната година за која се составува завршната сметка. Без разлика кога се исплатени во тековната година, истите за да не се оданочат треба да се вратат до 31.12.2016 година. Ако заемот се врати наредната година (од 01.01.2017), тогаш компанијата има можност во наредната година да изврши намалување на даночната основа за износот на вратениот дел од земот за кој во предходната година имал извршено зголемување.

Вакво оданочување имаме само кај компани коишто остваруваат промет над 6.000.000,00 денари годишно и компании со остварен промет од 3.000.000,00 до 6.000.000,00 денари кои се определиле за пресметување и уплатување на данок од добивка.