Исак Андик (71), милијардерот основач на познатиот моден бренд Манго, почина во саботата во „несреќа“, соопшти компанијата.
Шпанските медиуми објавија дека 71-годишникот паднал од карпа и починал додека планинарел во планински венец недалеку од Барселона.
Седумдесет и едногодишниот претприемач наводно паднал од карпа висока 150 метри додека планинарел со роднините во пештерите Монсерат, недалеку од Барселона. Според информациите што ги објави шпанскиот весник Ел Паис, семејството контактирало со итната служба околу 12:30 часот по локално време. На местото на несреќата набрзо пристигнале хеликоптер и брза помош, но за жал можеле само да ја констатираат неговата смрт.
Од турски претприемач до глобален моден визионер
Исак Андик беше еден од најбогатите и највлијателните луѓе во Шпанија, со имот проценет на 4,5 милијарди евра. Роден во Истанбул во семејство на сефардски Евреи, тој се преселил во Барселона на 16-годишна возраст. Кариерата ја започна со продавање маици, а во 1984 година, заедно со неговиот брат Нахман, го основа Манго, бренд кој набрзо стана синоним за модерна, достапна мода ширум светот.
Исак Андик, роден во Истанбул, се преселил во Шпанија во 60-тите години на минатиот век. Тој го основа Манго во 1984 година, а под негово водство брендот се разви во еден од најголемите светски модни синџири присутен на повеќе од 120 пазари.
Според магазинот Форбс, богатството на Андик изнесувало 4,5 милијарди долари. Во моментот на неговата смрт тој ја извршуваше функцијата неизвршен претседател на компанијата.
Директорот на Манго, Тони Руиз, изрази длабоко жалење за смртта на Исак Андик.
„Исак беше пример за сите нас. , но сите ние сме, на некој начин, неговото наследство и сведоци на неговите достигнувања.
Манго денес
Во 2023 година, Mango оствари приход од 3,1 милијарди евра, при што 33% од неговиот бизнис е генериран преку Интернет. Компанијата продолжи да го шири својот бизнис и благодарение на визијата на Андик, таа стана синоним за модерната мода достапна низ целиот свет.
Фото: Facebook Mango