Загреб и Белград најинтересни за продажба на Хипо банка

24

На масата на Дојче банк, официјалниот водач на продажбата на подружниците на австриската Хипо банка, има неколку понуди, пишува Пословни дневник.

Иако имињата на потенцијалните купувачи се држат во строга тајност на ниво на највисокиот менаџмент, од консултантски кругови весникот неофицијално дознава дека интересот за целата група е помал од очекуваното, но за филијалите во Хрватска и Србија е поголем од она што се надевале.

Од Клагенфурт за Пословни дневник потврдиле дека интерес покажале “повеќе заинтересирани страни”.

Во моменталниот дел од процесот на продажбата не е предвидено искажување на финансиски понуди, туку само испитување на потенцијалниот интерес и кредибилитетот на купците. Во идниот чекор ќе следува испитување на понудите по што на одбраните “ќе им се отворат книгите”, а “снимањето” на работењето би требало да започне во првата половина на 2013 година.