Апликацијата Загреб менза на студентите им дава информации за храната што се наоѓа на менито на локалните мензи.
Зад оваа корисна апликација стои студентот Еуген Суниќ, чија главна идеја беше на гладните колеги да им помогне полесно да дојдат до храна во мензите. Секоја од мензите во хрватската престолнина не нуди исто мени, ниту целата храна од менито студентите може да ја добијат секој ден. Од таа причина апликацијата нуди попис на сите мензи што во тој момент се отворени. Во текот на работните денови, студентите може да избираат храна од 12 мензи, во сабота од три, а во недела од две отворени мензи во градот.
Податоците што ги дава оваа апликација се целосно точни бидејќи се влечат од базата на податоци на Студентскиот центар. Доколку снема од некој вид храна во мензата, тогаш истото се брише од менито, па корисниците на паметните телефони може веднаш да ја забележат промената.
Оваа апликација им помага на студентите во реално време да имаат увид во храната што е на располагање во одредена менза.
Авторот на оваа апликација планира во иднина да ја надгради апликацијата со нова можност – прикажување на цените на храната.