Загреб започна со спроведување на автоматско управување на сообраќајот

53

zgПроектот за автоматско управување со сообраќајот во Загреб, кој ќе овозможи со целиот градски сообраќај да се управува од едно место и со тоа да се подобри текот и да се намалат гужвите, беше претставен вчера во загрепската градска управа.

Првите резултати во градскиот сообраќај ќе бидат видливи за околу две години, додека за реализација на целиот проект вреден 40 милиони евра, ќе требаат шест години, па така во целост ќе профункционира 2020 година.

Проектот вклучува замена и модернизација на застарени сигнални уреди и опрема, прилагодување и вградување на нови микропроцесорски уреди, надзорни камери за детектирање на оптоварување на сообраќајот, обнова и комплетирање на комуникациската мрежа со вградување на оптички кабел, како и изградба и опремување на главен оперативен центар за надзор и управување на семафоризирани раскрсници.

Овој проект има особено значење во однос на економијата и екологијата, затоа што граѓаните ќе можат побрзо да дојдат до своите работни места, со помалку застои, а сето тоа ќе резултира со помала количина издувни гасови.

Дел од проектот ќе се финансира од фондовите на ЕУ, а дел со кредит од Европската банка за обнова и развој.