Фото: Facebook
Загрепска банка се закити со признанијата Top Employer Europe и Top Employer Croatia 2018 што секоја година традиционално ги доделува The Top Employers Institute, пренесува Пословни дневник.
Според жири комисијата, наградата е доделена поради одличните услови за работа што банката им ги пружи на своите вработени, успешната регрутација и развивање таленти и континуирано усовршување на вештините на работниците.
“Вработените се клучот за успехот на секоја компанија и затоа и понатаму ќе продолжиме да ги унапредувааме нивните вештини“, велат од менаџментот на банката.
Загрепската банка е позната по своето флексибилно работно време, дозволува работникот да си зема слободен ден за роденден или други свечености и им помага на вработените да го најдат балансот меѓу приватниот и професионалниот живот.