Загрепска берза доби согласност да има 15,19% од акциите на Македонска берза

83

Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со коешто се дава согласност Загрепска берза да стекне квалификувано учество во Македонска берза АД Скопје, односно да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20% од вкупно издадените акции со право на глас од Македонска берза АД Скопје.

Согласно барањето за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во Македонска берза АД Скопје и Одлуката на Надзорниот одбор на Загрепска берза има намера да стекне 276 акции, односно 9,89% од акциите на Македонска берза АД Скопје со што процентуалното учество би се зголемило од 5,30% на 15,19% од акциите на берзата.

Трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 90 календарски денови од денот на добивање на согласноста.

Фото: Facebook