Загрепската берза претстави нова трговска платформа

20

chart-1905225_960_720

Фото: Pixabay

Загрепска берза ја претстави својата трговска платформа Progress, а според претседателката на управата, Ивана Гажиќ, целта е да се креираат услови за компаниите во сите фази на раст да можат да го обезбедат потребниот капитал, пренесува Пословни дневник.

Според Гажиќ, ваквите трговски платформи се замислени како места наменети на малите и средни компании со цел да им се овозможи полесен пристап на капиталот потребен за раст и развој.

Фирмите што се наоѓаат во фаза на интензивен раст и развој имаат потреба за финансирање, а истовремено не располагаат со доволно парични средства и имот. Кредитните институции многу често ги одбиваат или им нудат крткорочно кредитирање со понеповолни услови од оние наменети за “зрелите” компании.

Според податоците, во Хрватска има околу 13.440 фирми што можат да се класифицираат како средни и мали, а повеќе од 1.300 имаат капитал помеѓу два и 20 милиони евра и токму тие претставуваат целна група за трговската платформа.