Загрозени работните места на 1,6 млијарди луѓе кои се дел од неформалната економија

39

Околу 1,6 милијарди луѓе кои работат во неформалниот сектор би можеле да останат без работа поради пандемијата што ја предизвика коронавирусот, предупредува Меѓународната организација на трудот (International Labour Organization – ILO).

Тоа, како што пренесува World Economic Forum, тоа е скоро половина од работната сила во светот.

Според податоците, платите на околу две милијарди работници, што се дел од неформалната економија, веќе добиваат плати што се дури за 60% пониски.

“За милиони луѓе, немањето приход значи и немање храна, безбедност и иднина. Милиони бизниси ширум светот едвај преживуваат. Тие немаат заштеда, ниту пристап до финансии. Тоа е вистинското лице на светот на бизнисот. Доколку не им помогнеме, тие едноставно ќе пропаднат“, смета Гај Рајдер, генерален директор на ILO.

Околу 436 милиони мали бизниси се соочуваат со сериозни проблеми, што ги предизвика пандемијата.

Фото: Pixabay