Загуба од 1,3 милиони денари за Сигурносно стакло од Прилеп

375

staklo-123

Сигурносно стакло од Прилеп во текот на деветте месеци од оваа година работеше со загуба од 1.334.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата прикажа 1.744.000 денари загуба.

Вкупните приходи од продажба од јануари до септември 2016-та изнесуваа 3.927.000 денари, додека една година претходно имаа вредност од 6.533.000 денари.

Основни дејности на компанијата се трговија на мало со метална стока, бои и стакло, како и издавање и управување со сопствен недвижен имот.