Макотекс од први јануари до 31-ви март работеше со загуба од 1.992.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Компанијата истиот период лани прикажа загуба од 161.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од 2016 година достигнаа 3.847.000 денари, додека истиот период лани беа 4.685.000 денари.
Макотекс е компанија чија примарна ориентација е насочена кон големопродажба, увоз и извоз на текстил и облека, магацинско работење и туризам.