Компанијата ЖАС од Скопје од први јануари до 30-ти јуни оваа година работеше со загуба којашто достигна 10.462.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во првото полугодие од 2015 година, загубата на компанијата беше 1.065.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од 2016 година беа 2.171.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 3.189.000 денари.
Основна дејност на ЖАС е товарен патен транспорт, а како споредна дејност се јавува сервисирање на товарни возила и издавање на деловен простор.