Загуба од 10,8 милиони денари за Дебарски бањи Цапа

27

debarski banji capa

Дебарски бањи Цапа од Дебар, во периодот јануари март оваа година, оствари загуба од 10.875.000 денари, покажува тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истото тримесечје претходната година, загубата на Дебарски бањи Цапа беше 12.478.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од 2016 година беа 9.231.000 денари, додека една година претходно достигнаа 6.219.000 денари.