Загуба од 10,9 милиони денари за Мермерен Комбинат од Прилеп

49

mermeren-kombinat-prilep-580x327-580x327-580x327

Мермерен Комбинат од Прилеп првото тримесечје од 2016 година прикажа загуба од 10.981.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до март минатата година, компанијата работеше со добивка од 63.846.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на првиот квартал беа 173.692.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 10.301.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 163.391.000 денари.