Загуба од 12,6 милиони денари за Македонијатурист

121

Македонијатурист во периодот јануари – јуни оваа година прикажа загуба од 12.648.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 59.905.000 денари.

“Друштвото во првите шест месеци од 2020 година од својата основна дејност – хотелски и ресторански услуги, како и од други споредни дејност оствари негативен финансиски резултат, односно нето загуба од 12,65 милиони денари. Финансискиот резултат за овој период е намален во однос на истиот период во минатата 2019 година“, стои во Коментарот кон билансот на успех.

Фото: Freepik