Загуба од 12 милиони денари за Единство од Струмица

22

edinstvo strumica

Компанијата Единство од Струмица ланската година ја заврши со загуба од 12.143.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2014 година, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка од 18.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата во период од први јануари до 31-ви декември минатата година беа на ниво од 75.789.000 денари. Од нив на домашен пазар отпаѓаат 367.000 денари, додека на странски пазари се остварени 75.423.000 денари.

Основна дејност на компанијата е производство на панталони, сакоа, јакни, здолништа и слично.