Загуба од 14,6 милиони денари за РЖ Интер – Траншпед

45

rz inter transped

РЖ Интер – Траншпед, од 01.01. до 31.12.2015 година, оствари загуба од 14.697.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2014 година компанијата ја заврши со загуба од 13.225.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година достигнаа 40.218.000 денари, додека на крајот на 2014 година имаа салдо од 59.135.000 денари.

РЖ Интер – Траншпед е друштво за обезбедување на транспортни услуги во копнениот и железничкиот сообраќај со седиште во Скопје. Покрај главната дејност, споредни дејности на компанијата се: шпедиција, товарење и истоварање на стока, логистички услуги, изнајмување на транспортни средства и други дополнителни транспортни услуги.