Хотели Метропол од Охрид во првото тримесечје од оваа година работеше со загуба од 20.758.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
“Остварениот финансиски резултат за јануари – март 2020 година е негативен исто како и во овој период минатата година, земајќи го предвид сезонскиот карактер на работењето на Хотели Метропол АД Охрид“, стои во Образложението за остварените резултати.
Во периодот јануари – март лани, загубата на компанијата беше 21.755.000 денари.
“Во периодот 01.01.2020 до 31.01.2020 година, Хотели Метропол АД Охрид во своето работење има остварено вкупно 3.128 ноќевања, за разлика од 3.215 ноќевања за истиот период во 2019 година, што значи негативна разлика од 87 ноќевања или 3% пад“, стои во Образложението за остварените резултати.
Остварениот приход од 8.415.000 денари, како што се наведува, е за 7% поголем во однос на истиот период од минатата година кога изнесуваше 7.870.000 денари.
Фото: Pixabay