Загуба од 241.000 денари за РЖ Интер Трансшпед во првото полугодие

29

rz-inter-transped

РЖ Интер Трансшпед во текот на првите шест месеци од оваа година прикажа загуба од 241.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Загубата на компанијата, во првото полугодие од 2016 година, беше на ниво од 3.340.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни оваа година, изнесуваа 26.333.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 15.172.000 денари.

Основна дејност на компанијата е обезбедување на транспортни услуги во копнениот и железничкиот сообраќај со седиште во Скопје.