Загуба од 26,9 милиони денари за Факом

17

fakom

Компанијата Факом прикажа загуба од 26.901.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.

“Веќе петта година по ред се судруваме со исклучително тешки услови за стопанисување во металската индустрија како резултат на глобалната криза која се одржува со позасилен интензитет и во овој период“, стои во образложението на компанијата.

Факом во истиот период минатата година забележа добивка од 36.000 денари.

Кога станува збор за приходите од продажба, во првите девет месеци од оваа година тие беа на ниво од 584.033.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 331.668.000 денари, додека остатокот од 252.365.000 денари на странски пазар.