Загуба од 28,7 милиони денари за ТТК Банка

27

ttk-banka-580x3991-580x399

ТТК Банка во првиот квартал од оваа година работеше со загуба од 28.768.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истото тримесечје 2015 година, банката прикажа загуба од 24.965.000 денари.

“Банката во периодот од 01.01. до 31.03.2016 година оствари позитивен нето оперативен приход пред исправка на вредност на финансиски и нефинансиски средства во износ од 42,4 милиони денари. Исправката на вредноста на нефинансиски и финансиски средства на нето основа влијаеше финансискиот резултат на банката во овој период да изнесува -28,8 милиони денари“, стои во Коментарот за остварените финансиски резултати.

Нето приходите од камати изнесуваат 66,6 милиони денари и се пониски за 2,2% во однос на истиот период од минатата година во најголем дел како резултат на забавениот раст на кредитната активност кај секторот нефинансиски друштва, додека намалувањето на расходите од камата е резултат на трендот на намалување на пасивните каматни стапки пред сѐ кај секторот домаќинства.

Планираните нето приходи од камати се остварени со 97,9%. Нето приходите од провизии и надоместоци за услуги во периодот јануари – март изнесуваат 37,1 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се пониски за 8,2%. Причината за намалувањето во најголем дел е од намалените провизии остварени од финансиската активност – кредитирање, додека зголемување се забележува кај провизиите остварени од платниот промет со странство и кај провизиите од брокерското работење. Планираните нето приходи од провизии се остварени со 100,8%.