Загуба од 3,2 милиони денари за Уготур

40

ugotur

Акционерското друштво Уготур за девет месеци од 2015 година работеше со загуба од 3.211.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во период од први јануари до 30-ти септември лани, компанијата прикажа загуба од 2.556.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите девет месеци од 2015 година достигнаа 15.852.000 денари, додека истиот период лани тие беа на ниво од 18.064.000 денари.