Загуба од 303.000 денари за Интернешенал хотелс

69

kontinental

Акционерското друштво Интернешенал хотелс, коешто раководи со хотел Континентал од Скопје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари загуба од 303.000 денари.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 6.473.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите девет месеци од оваа година беа на ниво од 62.340.000 денари, додека истиот период лани тие достигнаа 70.792.000 денари.