Загуба од 69,6 милиони денари за ЗК Пелагонија од Битола за три месеци

24

zk-pelagonija

Земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола во првото тримесечје од 2017 година оствари негативен финансиски резултат од 69.637.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, Пелагонија прикажа загуба од 17.791.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви март оваа година, достигнаа 191.289.000 денари. На домашен пазар се реализирани 187.563.000 денари, додека на пазари во странство се остварени 3.726.000 денари.

Основна дејност на Пелагонија од Битола е примарно земјоделско производство од: ниски култури (пченица, јачмен, сончоглед, шеќерна репа, пченка зрно, пченка силажа и друго), одгледување на ситен и крупен добиток, сточарско производство, градинарство, рибарство и овоштарство.