Загуба од 9,2 милиони денари за Благој Ѓорев од Велес

32

blagoj gorev 123

Прехранбената компанија Благој Ѓорев од Велес од први јануари до 30-ти јуни оваа година оствари вкупна сеопфатна загуба во висина од 9.205.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата работеше со добивка во висина од 11.886.000 денари.

“Во овој период, крајните залихи на готови производи се помали во однос на почетните и се остварени помали приходи од реализација на залихата во однос на направените трошоци за истата, а како резултат на тоа е искажана загуба“, стои во Образложението за остварените резултати објавено на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од 2016 година беа 305.053.000 денари. На домашен пазар се реализирани 271.945.000 денари, а на пазари во странство 33.108.000 денари.