Загуба од 94,8 милиони денари за Тутунски комбинат од Прилеп

24

Tutunski_kombinat

Тутунски комбинат од Прилеп во првото тримесечје од 2015 година оствари загуба од 94.893.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата го заокружи со загуба од 114.248.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Тутунски комбинат се 143.001.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 76.636.000 денари, додека остатокот од 66.365.000 денари се реализирани на странски пазари.