Загуба од 988.000 денари за Агромеханика

10

agromehanika

Акционерското друштво Агромеханика прикажа загуба од 988.000 денари во тримесечниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, загубата на компанијата била во висина од 246.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Агромеханика, во првото тримесечје од оваа година, се на ниво од 1.774.000 денари, додека во истиот период лани тие биле во вредност од 2.292.000 денари.