Загубените милијарди си ги врати во еден ден

91

Сопственикот на американскиот производител на електрични автомобили, Tesla, Илон Маск минатата недела загуби десетици милијарди долари, но за само еден ден го надомести изгубеното благодарение на раст на акциите и тоа од 20%.

Со тоа, како што пишува CNN, богатството на Маск се зголеми за 25 милијарди долари и сега вреди 174 милијарди долари.

Маск е сопственик на 18% од акциите на Tesla. Тој постојано си го менува местото со Џеф Безос на врвот на листата најбогати луѓе на планетата според индексот на Bloomberg.

Акциите на Tesla во текот на минатата година пораснаа за 743%, со што компанијата беше меѓу петте највредни на берзата. Акциите продолжија да растат и во првите недели од 2021 година, достигнувајќи рекордно ниво од 883,90 долари, по што забележаа пад од околу 25%.

Фото: Pixabay