Зајакнат мост меѓу два континента: Стратешките придобивки на „Рено“ од новиот трговски договор

Францускиот производител на автомобили „Рено“ денес ја поздрави одлуката за постигнување трговски договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Индија, оценувајќи дека тоа ќе ја зајакне нејзината стратегија за развој на индискиот пазар.

„Тоа ја покажува насоката и можноста за потесна соработка меѓу Европа и Индија, што е добра вест за нас бидејќи ние сме компанија која се потпира на овие два континента“, изјави извршниот директор на „Рено“, Фабрис Камболив, за британската агенција „Ројтерс“.

Индија и ЕУ  официјално склучија сеопфатен договор за слободна трговија, за кој се преговараше повеќе од 20 години, а кој индискиот премиер Нарендра Моди го поздрави, велејќи дека нуди многу можности, објави АП.

„Договорот ќе понуди бројни можности за 1,4 милијарди жители на Индија и милиони граѓани на ЕУ“, додаде Моди, истакнувајќи дека договорот „опфаќа приближно 25 проценти од глобалниот бруто домашен производ (БДП) и една третина од светската трговија“.