Закажи средб@ – нова услуга од УЈП

17

ujp-3-580x335Управата за јавни приходи (УЈП) воведува нова услуга наречена Закажи средб@, којашто може да се користи онлајн или преку Инфо центарот на УЈП, стои во соопштението.

Таа во моментов е достапна само за користење на даночните услуги на Регионалната дирекција Скопје, а истата ќе биде задолжителна од први мај 2018 година. Даночните обврзници со седиште во Скопје и кои се администрирани во Регионалната дирекција Скопје, а кои претходно ќе закажат термин за средба со даночен агент преку Закажи средб@, ќе имаат предност во однос на останатите обврзници при добивањето на услугите во УЈП.

Услугата Закажи средб@ овозможува да се закаже термин за остварување на средба со даночни агенти во Регионалната дирекција Скопје, во време што му одговара на клиентот, а со цел консултација за прашања кои се однесуваат на: Oпшти информации (рокови, начини за пријавување и плаќање даноци и др.); Отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник; Консултации за издадени даночни документи; Утврдување на даноци; Постапки за наплата на долгови; Правни прашања.