Закрепнување на Кина – силен раст на извозот и увозот

21

Извозот на Кина порасна четврти месец по ред во септември, пораст исто така бележи и увозот, што сигнализира континуирано закрепнување во изминатиот месец во светската трговија и стабилизирање на домашниот пазар.

Извозот од најголемата азиска економија се зголемил за 9,9% во септември во однос на претходната година, додека увозот пораснал за 13,2 %, објави Bloomberg, повикувајќи се на податоци на кинеската управа за царина.

Економистите предвидуваат дека извозот ќе се зголеми за 10%, додека увозот ќе се зголеми за 0,4 %.

Податоците покажуваат дека релативно брзото враќање на производството во Кина со полна брзина по националните блокади заради коронавирусот и овозможува на земјата да ги искористи предностите на повторното отворање на производството и побарувачката на потрошувачите во други земји. Од друга страна, новото зголемување на бројот на случаи со Kовид-19 во Европа и на други места во светот претставува закана за целосно закрепнување на Кина, а на овие ризици може да им се додадат и геополитичките тензии со СAД.

Фото: Pixabay