
Цените на акциите пораснаа на европските берзи во понеделник наутро, додека инвеститорите чекаат нови економски индикатори и квартални деловни резултати на компаниите.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 проценти во 9:30 часот наутро, па неговиот позитивен тренд влезе во четвртата недела.
Во исто време, лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,17 проценти, на 10.465 поени, додека франкфуртскиот DAX се зголеми за 0,37 проценти, на 25.005 поени, а парискиот CAC за 0,19 проценти, на 8.325 поени.
Растот на индексот главно се должи на закрепнувањето на финансискиот сектор. Во тој сектор, цените на акциите пораснаа во просек за 1,8 утрово, а во осигурителниот сектор за околу 1 процент.











