Замоци од бајките како домови за живеење

30

Дом како од бајка. Прекрасни замоци кои многу потсетуваат на популарните Дизниеви приказни. Прошетајте и вие за момент во нивниот бајковит свет.

zamok

Овој замок како од приказните се наоѓа во Илиноис и располага со 5 спални соби и 7 бањи. Дебелината на ѕидовите изнесува скоро половина метар, а големиот лифт е тука за да ве носи низ целиот “магичен” простор кој добива тони природна светлина благодарение на 12 тавански прозори. Цена 4.499.000 долари.
live-luxuriously-in-this-castle-outside-of-chicago

Изграден во 1885 близу Чикаго, овој историски замок кој има 4 спални соби и 2 бањи, се простира на површина од 8.000 метри квадратни. Во замокот има 5 големи камини покрај кои може да се ужива во добра книга или друштво. Цена 1.800.000 долари.

wake-up-to-a-charming-breakfast-bar-in-this-texas-castle

Овој прекрасен замок со 7 бањи кој се наоѓа во Тексас, е одлично место за деца, со својот базен кој има водопад и лизгалка каде најмладите можат да се забавуваат. Од вториот кат може да се видат прекрасните терени за голф покрај убавото езеро Lewisville. Цена 1.599.000 долари.

cook-in-a-gourmet-chefs-kitchen-in-this-castle

Лоциран во Калифорнија, овој замок меѓу другото вклучува 4 спални соби, 5 бањи и театар каде што љубителите на оваа уметност можат да уживаат во своите омилени претстави. Долниот кат си има свои спални соби и бањи и е одличен за сместување на гости. Цена 1.399.000 долари.

relax-in-this-castles-enclosed-enchanted-rose-garden (1)

Верувале или не овој модерен замок е изграден во далечната 1912 во Калифорнија, но за да го добие овој сегашен изглед врз него биле направени неколку реновирања. Главната куќа заедно со 3-те спални соби, како и гостинската куќа имаат камени фасади. Целиот замок има вкупно 6 бањи, еден базен и терен за спортски активности. Цена 6.495.000 долари.