Западен Балкан: 1,4 милиони луѓе работат “на црно“, штета од неколку милијарди евра

38

Околу 1,4 милиони луѓе работат “на црно“ во земјите од Западен Балкан, поради што властите губат по неколку милијарди евра од приходи и придонеси. Ова било укажано на регионалната работилница на Советот за регионална соработка во Сараево, пренесуваат српските медиуми.

Податоците покажуваат дека најголем удел во неформалното вработување меѓу земјите од Западен Балкан има Црна Гора (33%), по што следуваат: Босна и Херцеговина (30%), Албанија (29,4%), Косово (23%), Србија (19,5%) и Македонија (18,5%).

Според проценките, вкупната загуба на приходи во шесте земји од Западен Балкан, поради непријавени вработени, изнесува неколку милијарди евра, износ што би се користел за подобрување на услугите или инфраструктурни проекти.

Фото: Pixabay