Западните компании плаќаат повеќе од 60 долари за руска нафта

45

Западните компании купуваат руска нафта од Урал по цена над лимитот од 60 долари за барел поставен од Г7, пишува Блумберг. Во исто време, американските власти тврдат дека плафонот на цената сè уште функционира.

Околу 40 отсто од бродовите што извезуваат нафта од руските пристаништа на Балтичкото и Црното Море припаѓаат на западни компании, кои мора да го почитуваат плафонот на цената од 60 долари за барел, пренесува Комерсант.
Пред да се надмине горниот ценовен праг, околу 50 отсто од бродовите беа во сопственост на западни компании.

Покрај тоа, значителен дел од бродовите сè уште се осигурани преку Лондон. Западните фирми имаат право да тргуваат со руска нафта, но мора да потврдат дека нафтата е купена по цена пониска од 60 долари за барел.

Извори на американската агенција наведуваат дека не е јасно како индивидуалните сопственици вршат дополнителни проверки на карго и кои се причините поради кои продолжуваат да ги даваат своите услуги. Сепак, сопствениците на бродови и осигурителите посочуваат дека не можат да ја знаат точната цена по која се продава товарот, пренесува Бизнис.рс.

Во последниве недели, бродарите и осигурителите се обидуваат да откријат дали е доволно само да дадат доказ дека нафтата што ја носат е купена по цена под 60 долари. Според податоците на Аргус, минатата недела во руските пристаништа на Балтичкото и Црното море нафтата се продавала по цена од околу 71 долар за барел.

Според податоците на руското Министерство за финансии, просечната цена на нафтата од Урал во јули била 64,37 долари за барел. Тоа е значително пониско отколку во јули минатата година кога чинеше во просек 78,41 долар за барел, но е повисоко од ценовниот плафон што го поставија земјите од Г7. Просечната цена во периодот од јануари до јули годинава изнесува 53,94 долари за барел.