Западот “во паника“ поради Кина

102
Western and Chinese business in Hong Kong

Работата на европските компании во Кина е изложена на ризик поради настојувањето на земјата што повеќе да се фокусира на сопствените ресурси за да ја намали зависноста од Западот.

Многумина стравуваат од континуираното оддалечување на Кина од другите големи сили бидејќи тој процес би можел да го поремети текот на глобалната економија.

Кина вложува дополнителни напори за да ја намали зависноста од економиите на Западот.

Односите меѓу Кина и САД најверојатно ќе останат напнати и откако Џо Бајден ќе ја преземе претседателската функција. Иако се очекува неговиот кабинет да биде помалку агресивен од оној на Доналд Трамp, Кина најверојатно и понатаму ќе ги доживува како стратешки конкурент, што значи дека треба да се очекуваат промени во процесот на глобализација.

Фото: Freepik