Започна бесплатната летна школа на Seavus едукативен и развоен центар

26

10614135_723223071066761_2871698608669800765_n

Повеќе од 100 учесници вчера присуствуваа на првите предавања од бесплатната летна школа за идните ИТ таленти во земјата во организација на Seavus едукативен и развоен центар.

На првиот ден од богатата програма, учесниците добија можност на кратко да се запознаат со центарот, неговата работа, програмите кои ги нуди, капацитетот и техничката опременост. По официјалниот дел и отворањето на летната школа започнаа и предавањата во три области: Програмирање, Дизајн и Мрежи. Предавањата во овие три насоки ги држат реномирани професори и соработници на SEDC.

Во наредните четири дена, покрај часовите, Seavus едукативен и развоен центар за посетителите на летната школа подготви и забавен дел како што е кино проекција, средба со претставници од ИТ индустријата, забава.

Летната школа ќе трае се до петти септември, а сите учесници од едукативниот центар ќе добијат и сертификати за посета на школата.